
Рецепт за кето пица
Потребни состојки за основата:
– 30 гр кето брашно
– 15 гр протеин од сурутка или вегански (посен) протеин (без додадени вкусови, ароми…)
– 2 јајца
– 1 лажичка оригано
– ½ лажичка сода
– 90 гр биено козјо сирење
– 20 гр кашкавал
– 2-3 лажици вода – по потреба
– 1 лажичка маслиново масло (за печењето – опционално)
Додатоци:
– 2 лажици доматен сос
– 50 гр. кашкавал или моцарела
– 40-50 гр. свежи шампињони
– зеленчук, свежи додатоци по избор
View this post on Instagram
Постапка:
Во еден сад ги истураме кето брашното и протеинот од сурутка. Ги додаваме јајцата и добро промешуваме.
Додаваме оригано, сода, рендано биено сирење и кашкавал, по потреба и вода (ако смесата е многу сува или густа) и добро промешуваме.
Ја истураме смесата во тава за печење, обложена со хартија и печеме 8-10 минути на 190 степени.
Откако ќе се добие печена кора, вадиме од рерна, ги додаваме додатоците и враќаме да се потпече уште 5-8 минути или до посакуваниот резултат.
Сервирајте со свежи и хранливи додатоци.
Многу брз рецепт, вкусен и богат со протеини и здрави масти.
Целата пица содржи:
- 70 гр протеини
- 80 гр масти
- 11 гр нето јаглехидрати

