Рецепт за протеинска кето пица

Протеинската кето пица е многу хранлива и здрава, не го покачува нивото на шеќер во крвта и ќе ве одржува сити долго време.
Потребни состојки:
- 300 гр протеинско кето брашно
- 1 голем прстофат сол
- 9 гр пекарски квасец
- 9 гр бел шеќер (не грижете се, квасецот ќе го „изеде“ шеќерот, што значи лебот нема да го содржи овој шеќер)
- 250 гр млака вода (30-40 °C, не жешка)
- 100 гр кашкавал
- 50 гр сирење
- свежи печурки
- 50 гр доматно пире
- други намирници по желба (оригано, кромид, маслинки…)
Ги промешувате квасецот и шеќерот во водата, додека да се добие хомогена течност. Оставате да отстои 10 мин. (појавата на пена е нормална). Во сад за мешање го додавате брашното, солта и водата со квасецот и шеќерот. Мешате и го замесувате тестото неколку минути. Потоа го оставате тестото да отстои 60-90 минути за да нарасне.
Откако тестото ќе нарасне, сукате до саканата форма и дебелина на пицата. Пожелно е да претходно да се наводени сукалото за полесно сукање.
Тестото го нанесувате во тава за печење обложена со хартија за печење. Печете 10 мин. во претходно загреана рерна на 180 степени. По 10 мин. го вадите полуиспечениот леб, ги нанесувате саканите намирници и враќате да се пече уште 10 мин.
Целата пица содржи:
- 215 гр протеини
- 23 гр нето јаглехидрати
- 98 гр масти
Доколку ја поделите пицата на 4 парчиња, ќе ги добиете следниве вредности по парче:
- 54 гр протеини
- 6 гр нето јаглехидрати
- 25 гр масти
Уживајте! 😊
За други кето рецепти кликнете тука.
Порачка за вашите кето намирници направете тука.




