Протеински кето мекици
Состојки
- 400 гр протеинско кето брашно
- 12 гр сув квасец
- 12 гр бел шеќер
- 2 јајца
- 300 гр јогурт
- голем прстофат сол
- 50 мл вода
- 10 гр маслиново масло – за во тестото
- 150 гр маслиново масло – за пржење
Подготовка
- Во мал сад ставете ги квасецот, водата, шеќерот и малку брашно. Измешајте и оставете десетина минути за да се активира квасецот. (Не грижете се, квасецот ќе го „изеде“ шеќерот, што значи тој не останува во мекиците.)
- Во поголем сад ставете го остатокот од брашното, јогуртот, солта, 10 гр маслиново масло и смесата со квасецот.
- Измесете убаво додека не добиете меко и компактно тесто.
- Оставете го тестото 60-90 мин. убаво да нарасне.
- Поделете го тестото на 7 еднакви делови и формирајте топчиња.
- Со сукало секое топче исукајте го малку, колку да добие убава тркалезна форма.
- Загрејте 150 гр маслиново масло во тава и пржете ги мекиците. Се пржат многу брзо – околу 30 секунди од секоја страна, односно додека убаво заруменат.
- Испржените мекици извадете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот масло.
Послужете ги топли, со сирење и домати или по желба.
Нутритивни вредности на една мекица:
- 38 гр протеини
- 25 гр масти
- 4,5 гр нето јаглехидрати
Благодарност до Александар за приложениот рецепт 👌




