
Кето протеинско брауни 🍰🍫
Сочно и богато чоколадно брауни со кремаст чоколаден фил, путер од кикирики и свежо овошје.
Потребни состојки
За браунито:
- 200 гр павлака со 20% масленост
- 50 гр протеин во прав
- 4 јајца
- 2 лажички стевиа
- 1 лажичка прашок за печиво
- 2 лажички какао
- 2 реда чоколадо (со ниска содржина јаглехидрати), изрендано
За чоколадниот фил и прелив:
- 20 гр млечен путер (или кокосово масло)
- 60 гр темно чоколадо (со ниска содржина јаглехидрати)
- ½ лажичка стевиа
За декорација и дополнителен вкус:
- 30 гр путер од кикирики
- свежи јагоди и/или малини
Подготовка
- Во сад изматете ги павлаката, јајцата, протеинот, стевиата, прашокот за печиво и какаото додека не добиете мазна смеса.
- Додадете го изренданото чоколадо и промешајте.
- Истурете ја смесата во калап обложен со хартија за печење.
- Печете на 180°C околу 20 минути.
- Оставете целосно да се излади.
За преливот
- На тивок оган растопете ги путерот и темното чоколадо.
- Додадете ја стевиата и мешајте додека не добиете мазен и сјаен прелив.
- Прелијте го рамномерно врз изладеното брауни и оставете неколку минути да се стегне.
Декорација
- Со лажица или шприц нанесете го путерот од кикирики во тенки линии или мали купчиња врз чоколадниот прелив.
- Декорирајте со свежи јагоди или малини за дополнителна свежина и вкус.
Послужете кога преливот малку ќе се стегне и уживајте во кремасто кето брауни.
Целиот рецепт содржи:
- 93 гр протеини
- 120 гр масти
- 20 гр нето јаглехидрати
Благодарност до Александар за приложениот рецепт 👌



